Како фетусот реагира на расположението на мајката?

GettyImages-200468211-001-870x580

Бебето во стомакот го слуша срцето на мајката, но прима и сигнали за нејзината ментална состојба.

Додека фетусот расте, тој постојано прима пораки од мајката. Не само што ги слуша отчукувањата на срцето на мајката или музиката, која таа ја пушта покрај стомакот, туку прима исто така и хемиски сигнали преку плацентата.

Во новата студија, која е објавена во списанието „Психолошки науки“ се наведува дека фетусот прима и сигнали за мајчината ментална состојба. Ако мајката е депресивна, оваа стостојба влијае и на тоа како бебето ќе се развива по породувањето.

Во текот на последните децении, истражувачите открија дека од многу големо значење е опкружувањето во кое се развива фетусот. Така на пример, пушењето и пиењето алкохол може да има погубно дејство.

Сепак постојат и многу скриени последици. Калифорниските истражувачи работеле на менталната состојба на бремените жени и ги следеле оние, кај кои е откриена депресија.

Најголем напредок е забележан кај децата чии мајки биле здрави и пред и по породувањето. Сепак интересно е тоа што на второ место, според напредокот биле бебињата, чии мајки имале иста состојба, односно кои биле здрави или депресивни и пред и по породувањето.

Развојот на бебињата најмногу бил забавуван од промената на околината, покажа ова истражување. Лошо напредувале оние бебиња, чии мајки биле депресивни, но на изненадување на истражувачите и оние чии мајки ја подобриле менталната состојба по породувањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *