Како да оставите впечаток дека сте успешни во 3 чекори

db3-1000x500

Првиот впечаток е важен и тоа е потврдено од многу истражувања. Впечатокот за успешноста се добива за 5 секунди и тоа само врз основа на изгледот. Во светот на бизнисот се оди толку далеку што во тоа време се проценува за каков соговорник станува збор, какви се неговите шанси за напредок и стапката на успех…

Постојат 3 едноставни начини на кои можете да оставите впечаток дека сте успешни. Но зошто е тоа толку важно? Бидејќи истражувањата покажуваат дека првиот впечаток се состои 55% врз основа на изгледот, 38% врз основа на изведбата и само 7 проценти врз основа на содржината на разговорот. Еве 3 едноставни начини со кои ќе оставите впечаток дека сте успешни, и со кои ќе избегнете погрешни проценки:

Оставете впечаток дека се грижите за вашиот изглед

Ако не се грижите за својот изглед, луѓето ќе проценат дека не се почитувате себеси, а уште помалку вработените и клиентите.

Прилагодете го изгледот на ситуацијата

Ако сте во IT бизнисот постои еден кодекс на облекување, ако сте во војска е друг. Мора да работите на тоа вашиот изглед да припаѓа на групата и потрудете се да изгледате малку подобро од повеќето. Имитирајте некој кој има добар стил.

Избегнувајте провокативна облека

Со провокативното облекување жените губат голем дел од кредибилитетот. Ако здолништето е премногу кратко или имате премногу длабоко деколте можете да им кажете збогум на важните состаноци или унапредувањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *