Како да направите вселенски велигденски јајца?

how-to-make-galaxy-easter-eggs-dreamalittlebigger-5

Велигденски јајца бојадисани како галаксија. Колку само кул звучи и изгледа тоа? Со оглед на тоа што речиси и да нема некој кој не е фасциниран од мистичноста и убавината на вселената, претпоставуваме дека секому би му се допаднале ваквите велигденски јајца. Доколку сакате да дознаете како се прават, погледнете го упатството подолу.

Најпрво, бојадисајте ги јајцата со темна сина, речиси црна боја. Тоа ќе е подлогата над која ќе го насликате вашето ремек-дело.

Со помош на четка, нанесете посветла сина боја, и грубо бојадисајте ја со неа едната страна на јајцето.

Со сунѓер, нанесете потемна сина боја врз светлата, тапкајќи внимателно. Оставете да се исуши.

На истиот начин над веќе исушената боја, нанесете виолетова па розова боја (во помали количини), тапкајќи со сунѓерот.

На чистата страна на сунѓерот нанесете сосема малку црна боја, и додадете неколку точки врз јајцето. Истото направете го и со сосема малку златна боја, онаку каде мислите дека најдобро ќе се совпадне.

Нанесете бела боја на четката, и со помош на прстите испрскајте го јајцето ширум целата површина.

Внимавајте да е насекаде рамномерно нансено.

Оставете да се исуши и уживајте во резултатите.

Секое јајце бојадисувајте го на поинаков начин, секако ќе изгледаат прекрасно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *