Како да ја раширите облеката која се собрала од перење

fix-clothes-shrunk-dryer_233343237050fd

Сигурно повеќе пати ви се случило да ја исперете облеката на погрешна температура и тоа да резултира со нејзино собирање? Не грижете се, не мора да го подарите тоа парче облека, ние ќе ви покажеме трик како да го вратите во првобитната состојба.

Ќе ви биде потребно:

  • поголем леген
  • парчето облека кое ви се собрало при перењето
  • балсам за коса

Потопете го парчето облека во леген со млака вода и додадете две лажици балсам за коса. Оставете да отстои потопено околу 15 минути.

По сушењето не цедете го парчето облека, туку ставете го на пешкир и оставете природно да се исуши.

Ова е навистина едноставен, а корисен трик кој веруваме дека треба да го знаете.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *