Како да го забрзате метаболизмот и да дојдете до саканата линија

e47c087e779ccfc2_woman-metabolism.jpg_xxxlarge_2x

Метаболизмот е збир на сите биохемиски процеси во организмот, односно тоа е брзината со која телото ги согорува калориите.

Како старееме, нашиот метаболизам зтанува побавен, особено по триесеттата година од животот. Многу луѓе се жалат дека имаат бавен метаболизам, па со самото тоа имаат и проблем со вишокот килограми.

За да го забрзате метаболизмот и да поттикнете подобра искористеност на хранливите материи и конечно да го регулирате проблемот со тежината почнете да ги применувате овие совети.

1. Спијте доволно – Оптималното количество сон е 8 часа, па потрудете се да отспиете барем толку и тоа во периодот од 22 до 6 часот, се разбира еден час порано или подоцна во зависност од работното време и обврски. Намалувањето на времето за спиење влијае на хормоните кои го регулираат метаболизмот и апетитот.

2. Внесувајте течности – Треба да внесувате најмалку 8 чаши вода дневно, една веднаш штом ќе се разбудите, а препорачливо е и да се напиете топла вода со лимон, а потоа и по секој оброк и пред спиење. Добро хидрираниот организам овозможува побрзо согорување на калориите.

3. Физичка активност – Во текот на денот овозможете си каква било физичка активност, најидеално во утринските часови, некоја лесна прошетка, јога, трчање, сè што ви одговара – важно е да формирате мускули бидејќи тие трошат повеќе калории.

4. Редовни оброци – Тоа значи секој ден во приближно истото време да ги внесувате вашите оброци. Појадок еден или два часа по будењето, ручек околу 14 часот, а вечера околу 19 часот, се разбира со варијации од еден до два часа во зависност од потребите и обврските. По секој оброк внесувајте ужинка.

5. Количество храна – Целодневниот внес на храна распоредете го во 5 оброци, три главни и две ужинки, за организмот да не влезе во процес на штедење.

6. Избегнувајте индустриски преработени намирници – Заменете ги со природна храна, овошје, зеленчук и житарки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *