Како да го вратите сјајот на старата бижутерија

4849585f-b424-4e66-853c-efd1b18c551d

Бижутеријата се смета за накит кој речиси и да нема некаква вредност. Сепак, и покрај ова сите уживаме да ги носиме масивните ѓердани, раскошните алки и разно-разните обетки, како додаток кој ќе го надополни целокупниот аутфит.

Од причина што поголемиот дел од примероците направени од овој метал изгледаат прекрасно, вреди да се потрудиме да го сочуваме и овој економичен накит. Ви прикажуваме едноставен трик за тоа како да ја отстраните р’ѓата и темелно да ги исчистите аксесоарите од бижутерија.

Потребни состојки:

– длабока чинија

– алуминиумска фолија

– 1 лажица сол

– 1 лажица сода бикарбона

– ѓезве

Постапка:

Чекор 1:

Замотајте ја чинијата со алуминиумска фолија. Не ја растегнувајте премногу, бидејќи не смее да се скине. Имајте предвид дека над неа треба да го ставите накитот, такашто предвидете ја и неговата тежина, за да не се скине фолијата.

96ee7d2e-8b06-4043-ba17-80a8b6ff7acf

Чекор 2:

Додадете лажица сол и лажица сода бикарбона над неа.

9b5e6ba3-98ed-408d-9997-01354f0d8201

Чекор 3:

Додадете врела, но незовриена вода над состојките на алуминиумската фолија.

5d75a9be-5826-4058-9e89-d28b5b3ef165

Чекор 4:

Почекајте да се растворат солта и содата, и доколку е потребно потпомогнете го процесот со лажица. Внимавајте на грутките.

f0d09038-b3d3-4ba7-b307-2137e671a795

Чекор 5:

Внимателно додадете го вашиот омилен накит во растворот. За само неколку секунди р’ѓата ќе започне да излегува од него, заменувајќи ја потемнетата текстура со сјајот кој го влече од сребрената алуминиумска фолија. Дозволете и на бижутеријата да отстои во смесата онолку колку што и е потребно, се додека не го добиете посакуваниот резултат. Ова би можело да трае од неколку секунди, до неколку минути.

82babf35-00ca-4cfd-a133-a97229dfa94a

Чекор 6:

Избришете и исполирајте ги парчињата накит со помош на чиста крпа. Во зависност од нивната изработка е и времетраењето на овој чекор. Колку покомплициран е дезенот, толку подолго. Резултатите од овој трик веднаш се забележиви.

6ec24efc-593a-4d31-b312-7b8aab10768e

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *