Како да го продолжите векот на батеријата на вашиот паметен телефон?

increase-battery-life1

Без разлика колку време успевате да ја одржите батеријата на мобилниот телефон во живот, секогаш постојат начини дополнително да го продолжите нејзиниот век. Факт е дека батеријата подолго ќе ви трае ако помалку го користите мобилниот телефон. Меѓутоа не можеме да ве советуваме да не го користите телефонот, но во случај кога батеријата ви е при крај обидете се да го ограничите користењето за подолго да останете достапни.

Следуваат неколку совети кои ќе ви помогнат батеријата на вашиот мобилен телефон да трае подолго.

Избегнувајте да ја полните батеријата цела ноќ

$_32

Најголемите убијци на батеријата се превисоката температура, целосното празнење на батеријата и големиот број на циклуси на полнење. Во зависност од моделот, по приближно 500 полнења се чувствува дека батеријата е ослабена, а по приближно 1000 полнења време е да размислите за замена на батеријата. Ако веќе можете да бирате, подобро е кога батеријата ќе биде при крај да го ставите телефонот малку да се наполни, отколку цела вечер да биде вклучен во струја. Најоптимално е кога батеријата ќе се испразни до 10% да ја наполниме до 100%. Сепак не ги оставајте телефоните на полнач подолго време бидејќи тоа ќе ви го намали капацитетот на батеријата.

Исклучете ја опцијата auto-brightness

Исклучете ја опцијата auto-brightness за вашиот дисплеј и намалете го осветлувањето на позадината најмногу што можете. Доколку телефонот ви е неопходен, а немате прилика да го наполните во скоро време, намалете го осветлувањето на минимум за подолго да ви издржи батеријата. Кај мобилните телефони со поголеми димензии најголемата потрошувачка на батеријата доаѓа од осветлувањето на позадината.

Исклучете ги апликациите кои не ги користите

Исклучувајте ги сите апликации веднаш штом ќе престанете да ги употребувате. Тоа особено важи ако користите апликации како што е Google Maps. Ако не ја исклучите оваа апликација веднаш откако ќе завршите со користење, Google Maps може во рок од еден час целосно да ја потроши батеријата. За Android телефоните постои апликација Task Killer со која можете да подесите автоматско гасење на апликациите кои не се употребуваат.

Wi-fi поврзувањето е секогаш вклучено

smartphone weight training

Исклучете Wi-Fi кога излегувате од дома бидејќи вашиот телефон непрестано ќе бара достапна Wi-Fi мрежа за да се поврзе. Тоа може дополнително и беспотребно да ви ја потроши батеријата.

Вклучете Bluetooth само кога ви треба

Исклучете ја Bluetooth врската кога не ви треба, бидејќи Bluetooth исто така ја троши батеријата.

Сервиси за локација

Исклучете ги сервисите за локација.Сервисите за локација користат GPS или Wi-fi за одредување на вашата моментална локација. Исклучете ги овие апликации кога не ви се потребни бидејќи тие дополнително ја оптоваруваат батеријата. Ако користите навигација во вашиот автомобил набавете додаток за полнење кој се прикачува на запалката.

Вибрации

Исклучете ги вибрациите. Тоа не важи само за дојдовните повици и пораки, туку и за другите опции на телефонот кои користат вибрации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *