Како да го освежите изгледот на домот со минимален трошок

fd2be0349f12b1df_WhitneyPort_on_Domaine1.jpg_xxxlarge_2x

Сигурни сме дека секој од вас има моменти кога сака да промени нешто во својот дом, да го освежи ентериерот, во моменти кога немате финансиска можност да купите нов кауч или маса. 

Но не ви е потребен голем буџет да го освежите изгледот во домот.

Ви претставуваме одлични идеи кои ќе ви помогнат со минимален трошок да внесете нешто ново во домот.

1. Нови перничиња – Не можете да ја замените старата гарнитура со нова, но можете да купите нови перничиња или само навлаки за старите. Доволно е да ја промените бојата или дизајнот и ќе добиете сосема нов впечаток во вашата дневна соба.

2. Променете ја бојата на ѕидовите – Набавете ја бојата која ја сакате, четка, валјак и тргнете во акција! Бидете сами свој мајстор. Освен ѕидовите можете да обоите и некое парче мебел. Ако не знаете да кречите може да купите некои интересни тапети или стикери за на ѕид. Секој детал ќе значи и ќе донесе нова атмосфера во вашиот дом.

3. Направете нова масичка – Масичката за кафе во дневната соба може да ја замените со нова. Со тоа не мислиме на тоа да купите нова, туку сами да ја направите. Се прашувате како? Повеќето од вас знаат дека од дрвените гајби можете да направите различни парчиња мебел, па така и оригинална масичка за вашата дневна соба.

4. Заменете ги сликите и фотографиите на ѕидовите со нови – Ако ѕидовите во домот ви се бели, направете ги фотографиите во црно-бела техника. Врамете ги и распоредете ги на ѕидот. Исто така може да ги промените рамките на сликите. Не мора да бидат скапи. Можете да ги најдете по многу поволни цени во разни облици. Или додадете некои детали на старите рамки.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *