Како да ги раширите претесните фармерки – трик

6-How-to-stretch-jeans-31-Clothing-Tips-Every-Girl-Should-Know-stretching-jeans

Признајте  – и вам ви се случило да качите неколку килограми и поради тоа да не можете да се вовлечете во вашите омилени фармерки. А дали ви се случило да ви се скратат ногавиците од фармерките?

Наместо да ги тргнете фармерките настрана за некои посреќни (послаби) денови или да ги подарите некому, прво испробајте го овој едноставен трик со помош на кој ќе ги раширите барем за еден број. Можеби само толку ви фали за да постигнете успех во акцијата на облекување. Ако сепак не успеете тоа нека ви биде мотивација за да започнете со поздрава исхрана и вежбање.

Проблем со тесни фармерки

1. За да успее експериментот фармерките треба да бидат влажни. Земете шишенце со распрскувач и испрскајте ги деловите кои ви се проблематични. Доколку можете да се вовлечете во нив без закопчување, направете го тоа па испрскајте ги деловите на себе.

2. Овој чекор подразбира доста шетање и вежбање низ дома. Носете ги фармерките така влажни околу половина час и правете што повеќе вежби – чучнувања, расчекор и слични вежби за истегнување на нозете. Барем корисно ќе го искористите времето 😉

3. По половина час соблечете ги фармерките, закачете ги да се сушат, и повторете ја целата процедура уште еднаш, а ако е потребно и два пати. Сега би требало полесно да дишете во фармерките.

Проблем со кратки ногавици

Првиот трик за продолжување на кратките ногавици е да ги намокрите, да ги поставите на подот, да застанете на крајот на ногавицата и да ги влечете фармерките кон себе. Повторете го ова на секоја ногавица по 10 минути, а потоа оставете да се исушат.

Друг начин е да го пуштите работ и така да ги продолжите фармерките за неколку сантиметри.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *