Како да ги исчистите обувките од антилоп и да им ја вратите убавината

blogger-image--946152137

Ниту еден пар обувки не изгледа толку скапоцено и шик како чизмите од антилоп. Особено добро изгледаат чизмите од превртена кожа во светли бои – беж, крем, окер и жолта боја, но голем недостаток им е тоа што се многу чувствителни. Брзо се валкаат и ја губат убавината која ја имале.

Ако барем некогаш сте имале обувки од антилоп сигурно ви е позната оваа мака. За среќа, постојат ефикасни начини да ги вратите во првобитната состојба. Погледнете го упатството и дознајте како да ги исчистите обувките од превртена кожа!

Она што ви треба е чиста четка. Најдобро е да набавите специјализирана четка за обувки од антилоп, но ако не сте во можност да најдете ќе ви послужи и обична мека четка.

 Темелно исчеткајте ја површината на обувките, особено деловите кои се највалкани. Внимавајте да правите потези само во еден правец за да ги исчистите длабинските нечистотии наместо дополнително да ги триете во материјалот.

Доколку уште имате флеки послужете се со гума за бришење или специјализирана гума за чистење антилоп. Слободно притиснете, нема да ги оштетите обувките. Процесот на механичко отстранување на флеките бара време, но не можете да го прескокнете бидејќи е клучен во процедурата на враќање на обувките во првобитна состојба.

Ќе забележите дека дел од самиот материјал отпаѓа во текот на триењето и тоа не треба да ве загрижува бидејќи всушност тоа е поентата – да ги отстраните и честичкте од валканиот материјал.

Ако флеката е толку упорна и уште видлива земете бел јаболков оцет или медицински алкохол, нанесете го на чиста крпа и истријте ја флеката. Оцетот и алкохолот за разлика од водата нема да остават флеки.

Оставете да се исушат обувките па повторно употребете четка и гумичка.

Кога конечно ќе ја отстраните флеката задолжително испрскајте ги обувките со специјализиран спреј за заштита на обувките од антилоп. Можете да го најдете во продавници за обувки и дрогерии!

И тоа е тоа! Вашите чизми повторно го имаат стариот сјај!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *