Како би изгледал првиот автомат за продажба на автомобили?

Nashville_Vending_Machine_3.0

Дали можете да замислите како во иднината купувате автомобили како што сега правите со чоколада или освежувачки пијалоци – со помош на автомат? Не е шега, и постојат предлози како би можел да изгледа таков вид на продажба, а единствениот проблем лежи во тоа што илјадници луѓе би останале без работа ако се оствари оваа визија на „Caravana“.

Американската компанија која продава автомобили преку интернет „Caravana“ ја претстави својата алтернативна верзија на продажба на автомобили која го исклучува човечкиот фактор. Невозможно ќе биде некој да ви продаде нешто што не сакате, а оваа продавница од иднината која наликува на џиновски автомат ќе биде на пет катови и ќе биде лоцирана во Нешвил.

Капацитетот на ваквиот автомат би бил околу дваесет автомобили, а купецот најпрво би го одбрал возилото преку интернет, а потоа би ги внел податоците и доказот за исплата во автоматот. На крајот само останува да го причека своето возило пред џиновскиот апарат, баш како да купил чоколадо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *