Јапонски суфле-чизкејк од три состојки

2014y04m07d_175223671

Дали сакате да подготвите лесен десерт кој е толку вкусен, што ќе бидете горди на себеси што сте го направиле? Јапонскиот суфле чизкејк е вистинската работа за вас.

Ќе ви бидат потребни само три состојки за оваа торта, која е навистина лесна за правење. За околу еден час ќе го имате подготвено овој одличен десерт. Само следете ги инструкциите.

Состав:

– 3 јајца
– 120 грама бело чоколадо (исто така може да користите темно чоколадо како поздрава алтернатива)
– 120 грама несолен крем сирење (собна температура)

Подготовка:

1. Одвојте ги белките и жолчките од јајцата. Белките оставете ги во фрижидер и уклучете ја рерната на 170 степени. Стопете го белото чоколадо на пареа. По ладењето, ставете го крем сирењето. Потоа додадете ги жолчките и мешајте со шпатула. Извадете ги белките од фрижидер и миксајте се додека не добиете густа пенеста смеса.

2. Измешајте ги со пластична шпатула крем сирењето и чоколадото со изматените белки. (погледнете го видеото).

3. Ставете малку масло на тавата за печење со дијаметар од 15 цм и полијте ја смесата. Кревајте и спуштајте ја тавата неколку пати за да се отстрани заробениот воздух. Внимавајте тортата да не се скрши за време на печењето.

5. Ставете во голема тава малку топла вода и ставете ја тавата со смесата во неа. Печете 15 минути на 170 степени, потоа 15 минути на 160 степени. После тоа, исклучете ја рерната и оставете тортата внатре уште 15 минути.

6. Извадете ја тортата од рерна, и оставете да се излади целосно. Посипете шеќер во прав врз неа.

Пријатен апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *