Домашни хот-дог мумии

6b0ed310-49f7-4e4a-b221-0b0335b4ca63

Речиси и да нема некој кој не ужива во вкусот на хот-дог. Во денешниот рецепт ви прикажуваме како можете во домашни услови, брзо и лесно да дојдете до вкусен оброк за вас и вашите сакани.

Состојки:

– 1 килограм меко брашно
– 40 г. свеж квасец
– пола лажичка сол
– 100 г. маргарин
– 1 јајце
– 100 мл. јогурт
– 400 мл. млака вода
– лажица масло
– жолчка за премачкување
– 10 виршли

Подготовка:

1. Стопете го маргаринот на тивок оган. Во 400 мл. млака вода растопете го квасецот, додадете ги солта, изматеното јајце, јогуртот, лажица масло, маргарин и брашно, па замесете тесто. Оставете да нарасне и два пати премесете.

2. Растегнатото тесто исечете го на повеќе тенки линии. Виршла по виршла замотувајте со тестото се додека не ги затворите од сите страни. Наредете ги на хартија натопена со масло, па секој од нив, премачкајте го со изматена жолчка.

3. Ставете ги да се печат во загрена рерна 30-на минути додека не заруменат. Послужете ги заедно со сенф или мајонез.

hot-dog-mummies-recipe

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *