Изгубен паричник во Париз вратен по пошта до Прага

lost-wallet1

Чешкиот фотограф и организатор на модни ревии Јакуб Феранец, кој во Париз, во воз го изгубил паричникот се изненадил кога по неколку часа добил СМС порака од Французин кој го нашол.

„За среќа, во паричникот сум имал визит-картичка со телефонскиот број и тој ми напиша дека ќе ми го испрати по пошта на чешката адреса, вели Феранец“, кој во моментот на повикот веќе бил на аеродромот.

Чесниот наоѓач не сакал ниту надомест за поштарина и Ференц се надева дека некогаш барем ќе може да му понуди сместување кога ќе дојде да ја посети Прага.

„Мило ми е што тоа така се случи. Во паричникот имав пари, возачка дозвола и платежна картичка, но имав среќа што личната карта си ја ставив во џеб инаку немаше ниту да одлетам“, објаснува чешкиот фотограф.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *