Интегрални мафини со банана

SONY DSC

Денес ви предлагаме да пробате здрав макробиотски десерт од интегрално брашно и без шеќер. Мафините од банана и суво грозје ќе ви дозволат максимално да уживате во ароматичниот вкус без да ги броите калориите.

Потребни состојки:

  • 5 банани
  • 1 портокал
  • 250г. интегрално брашно
  • 1 ќесе прашок за пециво
  • 2 јајца
  • 20г. суво грозје
  • 30г. печени бадеми
  • 50мл. масло
  • сол

Подготовка:

Подготовката е брза и лесна. Потребно е прво да ги испасирате бананите, а потоа да додадете сок од портокал, брашно, прашок за пециво, сол, јајца, сецкани бадеми, суво грозје и масло и измешајте. Смесата префрлете ја во калапи за мафини и печете ги на 180-200 степени, околу 30 минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *