Импресивни тетоважи кои наликуваат на шеми за плетење

cross-stitching-tattoos-eva-krbdk-daft-art-turkey-1

Се сеќавате ли на оние шеми за плетење кои ги негуваа нашите баби? Многумина не би успеале да ги замислат во некаква поинаква функција, но тоа не е случај и со Ева Крбдк, тату-уметница од Анкара, Турција.

За неа, ваквиот начин на цртање претставувал вистинска инспирација која ја применила при тетовирањето на нејзините клиенти.

Уникатниот стил кој ја издвојува Ева од останатите тату-мајстори, може да се дефинира како комбинација од уметност создадена од пиксели, и традиционален фолклор. Иако таа не е првата која ја применила оваа техника во тетовирањето, сепак, дефинитивно ја има усовршено до перфекција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *