Храброст и лудост: Скокање над активен вулкан

p-20150504-00816_news

Со цел да се одбележи воведувањето на Red Bull и во Индонезија, Skydive тимот на компанијата одлучи да сними генијално видео над областа на мистериозниот активен вулкан Бромо.

Четворицата Австријци: Марко Фурст, Доминик Роитмер, Георг Латенер и Марко Валтенспиел, беа искусните скокачи кои се впуштија во овој храбар проект. После спушањето, 25-годишниот Доминик изјави: „Иако сум скокнал безброј многу пати досега, сепак, ова беше навистина огромен предизвик. Вулканот е се уште активен, а времето постојано се менува. Можевме дури и да видиме мали ерупции од височините“.

Планината Бромо е лоцирана во источна Индонезија, на 2393 метри надморска височина. Температурата околу вулканот може да се смени од 10 на 25 степени, од прекрасен сончев ден да се претвори во силна олуја проследена со грмотевици и дожд. Ова е една од причините кои го прават овој подвиг да биде толку храбар и посебен. Освен тоа, пејзажите кои ги нуди самата област се навистина уникатни и неверојатни.

Фотографиите и видеото прикажани подолу, сведочат за величенственоста на овој проект на Red Bull.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *