„Гугл“ од 2017 година ќе доставува производи со дронови

287184_1280x720

Интернет корпорацијата „Гугл“ во 2017 година планира да почне да користи беспилотни летала за достава на производи до своите клиенти, најави директорот на овој проект наречен „Проџект винг“, Дејвид Вос.

„Наша цел е проект е да почне да функционира во 2017 година“, најави Вос на конференцијата посветена на регулирање на движењето на леталата.

„Проџект винг“ настана пред една година, која „Гугл“ почна да тестира достава на стоки со помош на бесполотни летала во рамки на лабораторијата за тајни истражувања во Австралија. Во текот на истражувањата се конструирани 30 летала за достава на стоки.

Според американските медиуми, при првите тестирања дроновите успеале да превезат чоколади на оддалеченост од еден километар. Биле тестирани летови и со кутии за прва помош, шишиња со вода и храна за кучиња.

Должината на прототипите на леталата била 80 сантиметри, а ширината 1,5 метри. Тие летале на височина од 40 до 60 метри. Технологијата која е применета во изработка на леталата е на истиот принцип кој „Гугл“ го користи во проектот на својот автомобил без возач.

Оваа година корпорацијата се фокусира на тоа беспилотните летала да ги направи безбедни, конкретно да го намали ризикот од хаварија, како и да го усоврши навигацискиот ситем за прецизна достава.

Кон крајот на март интернет компанијата „Амазон“ стана прва на која американската Федерална воздухопловна администрација (ФФА) и дозволи да користи дронови за испорака на стоки на територијата на САД. ФАА наведе дека донела такво решение „како исклучок‟ од општите правила кои забрануваат широка употреба на такви уреди на американското небо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *