Гордоста на Португалија: Островот Мадеира

07-6957286-madeira-portugal

Ако Мадеира случајно не се наоѓа на вашата листа на места кои мора да ги посетите во животот, веројатно не ни знаете за овој прекрасен остров или не сте виделе фотографии од совршенството кое се сместило во средината на Атлантикот.

Она што прво ќе го забележите на Мадеира, секако, е изобилството на зеленило кое се протега насекаде околу вас, па така се осмелуваме да го прогласиме овој остров за рајска градина.

Авокадо, манго, орхидеи, цветаат насекаде околу вас, во богатата почва на стариот вулкан. Иако Мадеира е блиску до Мароко, и` припаѓа на Португалија, а со прекрасните 180 километри крајбрежје, море, убави плажи и планински патишта, е вредна за секоја посета. Инаку, да не заборавиме да споменеме, најславното име кое го дал овој остров е, ни помалку ни повеќе, туку Кристијано Роналдо!

На северниот дел од островот, во заливот Порто Мониз, ќе го најдете Рибеира Да Јанела, село на лозови насади и фантастични карпи. Тој дел од Мадеира нуди рајски плажи, па слободно спонтано одберете било која од нив (нема да погрешите) и нурнете се во сините пространства.

Инаку,за остров кој може да се пофали со брег од 180 километри, Мадеира нуди релативно малку песочни плажи. Но, тоа навистина не треба да ве загрижува, затоа што останатите места за капење се како од бајка, а ако толку сакате песок, појдете со траект до соседниот остров по име Порто Санто.

Главен град на Мадеира е Фуншал, во кој ќе се воодушевувате на историски цркви, архитектура и градини, а можеби ќе наидете и на родната куќа на Роналдо.

Во последните неколку години, на островот се појавија многу хотели, а ќе најдете и ресторани со Мишелин ѕвезди. Оние кои сакаат да планинарат, можат да одберат една од многуте патеки.

И за крај, знајте дека Мадеира е позната и по своите пазари. Најславниот и најголемиот е Меркадо дос Лаврадорес во Фуншал. Ретко овошје, зеленчук, цвеќе и риба се само дел од понудите кои одлично ги заокружува целосниот пакет на идеална дестинација – Мадеира.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *