Фудбалот се менува, а Адидас е предводник на новата револуција

The-Football-Revolution-is-Coming-from-adidas-Soccer-1-e1432091013430

Фудбалот како игра се промени низ годините. Позициите, особините и своиствата кои некогаш биле важни сега повеќе не се. Постојат нови правила. Заборавете сè што знаете за фудбалот, иднината стигна, а Адидас е на чело на промената.

Во новиот видео спот, играчите како што се Меси, Томас Милер, Луис Суарез и Оскар започнуваат револуција и најавуваат крај на постоечките Адидас копачки.

Адидас отсекогаш била водечка компанија во фудбалските иновации, а соработувајќи со врвни тренери како што се Гвардиола и Мурињо идентификувана е промената во играта и наместо поранешните дефинирани позиции и типови играчи, современите фудбалски тимови имаат потреба само за два типа на играчи на теренот.

Говорејќи однапред за лансирањето на најновиот Адидас производ, Гвардиола изјави: „Или е хаос или имате контрола. Ви требаат и двете. Тоа е дел од играта, дел од теренот. Потребни ви се играчи кои треба да ги анализираат потезите, а тука се и оние другите кои треба да бидат максимално слободни и да го покажат својот талент што е можно повеќе. Кога имате тим ги мешате двата типа на идеи и тогаш сте во голема предност.“

Светот на фудбалот ќе биде особено буден на 25 мај кога за прв пат ќе биде претставен новиот Адидас производ. Во меѓувреме фановите може да го следат #BETHEDIFFERENCE на твитер и да се приклучат во конверзацијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *