Фотографии од птичја перспектива од кои ќе ви застане здивот

AirPano_Cultura_Inquieta2-1000x500

Ако некогаш сте сонувале да летате над градовите и природните убавини и од птичја перспектива да уживате во пределите под вас, на овие фасцинантни фотографии ќе можете да видите како би изгледало тоа. 

Групата руски фотографи кои работат на проектот „AirPiano“ е посветена на правење панорамски фотографии со висока резолуција од светските метрополи и други прекрасни локации. Најчесто фотографирањето го вршат од хеликоптер, а понекогаш и од авион или балон. Некои од познатите локации кои ги фотографирале се Париз, Москва, исландските глечери, Бајкалското езеро, Санторини…

Доколку сакате повеќе да се запознаете со нивниот проект посетете го нивниот официјален веб сајт. А во меѓувреме уживајте во нашиот избор на нивните најубави фотографии:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *