Фасцинантни дрвени скулптури

cover18-1000x500

Авторот на овие дрвени надреални скулптури е јапонскиот уметник Јошитоши Канемаки. Освен колекциите од неговите завршени дела тој објавува фотографии и од целиот процес на правење на една скулптура, од оригиналниот цртеж до гравирањето на најситните детали.

Во овој пример станува збор за скулптура од девојче со 12 лица, типичен пример на неговата естетика. Во другите негови дела можете да видите уште многу други бизарни скулптури со надреални елементи. Коментирајќи ја својата уметност Канемаки изјавува: „Сакам да ги стимулирам луѓето да обрнат внимание на светот околу себе и да си го постават прашањето што значи да се биде жив и да се биде човек“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *