Фарбање јајца со декупаж техника

PicMonkey jajca

Декупаж техниката е глобално популарна, и можеме да ја примениме во речиси секој креативен проект. Освен што е едноставна и изгледа одлично, таа најчесто е и економична. Со оглед на тоа што се ближи Велигден, време е да ви покажаме како со нејзина помош, можете да имате кул декорирани јајца.

Потребно:

– тврдо варени јајца
– салфетки со цветни мотиви
– мека четка
– пченкарен скроб
– прехрамбени бои и украси
– една изматена белка

Подготовка:

1. Исечете ги деловите од салфетките кои ви се потребни.

2. Доколку имате држач за јајца ставете ги на нив, доколку не, чашките за ракија ќе ви завршат работа.

3. Одлепете го само најтенкиот слој од салфетката, оној најгорниот, и позиционирајте го на јајцето.

4. Навлажнете ја четката во добро изматената белка, и со неа премачкајте ја салфетка која веќе ја притиснавте на јајцето. Внимавајте да не притискате или гребете премногу, зошто можете да ја скинете тенката салфетка.

5. Повторете ја истата постапка со сите парчиња салфетки, и нанесувајте онаму каде сметате дека убаво ќе изгледа.

Доколку сакате да добиете уште поретро изглед на велигденските јајца, доукрасете ги на следниот начин:

Помешајте една лажица пченкарен скроб со малку вода, така што ќе добиете густина како онаа на пастата за заби. Во оваа смеса можете да додадете и хранливи бои по желба. Со истата, премачкајте го јајцето и оставете да се исуши.

Резултатот е прекрасен!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *