Фантастичен пилинг за тело од белки и шеќер за кожа како свила

body-scrub-or-womens-brazilian-wax-at-grace-designs-esthetics-in-overland-park(1)

Овој фантастичен пилинг за тело ќе направи вашата кожа да биде мека како свила! Ова е еден од најбрзите и наједноставни пилинзи, а потребните состојки секогаш ги имате во вашиот дом. Би било добро да додадете и малку кокосово масло за поефикасна хидратација на кожата.

Состојки:

  • 3 белки
  • 5 лажици шеќер

Подготовка:

Соединете ги сите состојки и изматете ги. Внимавајте белките да бидат ладни за шеќерот да ја задржи формата на кристали – не сакате да се истопи бидејќи така нема да имате пилинг смеса. Соединете ја смесата, нанесете ја на телото и втријте ја во кожата.

По масирањето со оваа смеса, идеално би било да ја исплакнете кожата со ладна вода за дополнително да ја забрзате работата на крвните садови, кои ќе помогнат за нејзино затегнување.

Една од најголемите предности на домашната козметика е што не мора да одвојувате еден куп пари за добар третман!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *