Фантастичен орео нутела колач без печење – рецепт

PicMonkey Collage(6)

Сонувате за десерт за кој не ви треба рерна, кој брзо и лесно се подготвува? За вас имаме баш еден ваков колач!

Овој орео нутела колач се подготвува во буквално три чекори па е идеален за оние денови кога ќе ви дојдат ненајавени гости. Подгответе им го овој десерт и ви гарантираме дека никој нема да и одолее на таа чоколадна комбинација од крцкава кора и сладок кремаст фил.

Состојки:

  • 300gr. Орео или некој друг чоколаден бисквит
  • 100gr. Нутела или некој друг крем
  • 50gr. путер
  • 100gr. крем сир
  • 200ml. слатка павлака

Подготовка:

1. Во блендер ставете ги Орео бисквитите и путерот, па измиксајте додека состојките не се соединат.

Истурете го измелениот бисквит во плех, премачкан со путер. Натапкајте го за да ја направите кората од колачот.

2. Изматете ги слатката павлака, Нутелата и крем сирот за да добиете сласен крем.

Премачкајте го кремот врз приготвената кора. Ставете го фрижидер неколку часови за да се стегне кремот. Послужете со шолја кафе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *