Евтини и брзи трикови за да го украсите вашиот изнајмен дом со минимален труд

vivaluxury-4

Доколку живеете под кирија веројатно не смеете многу да го менувате ентериерот. Многу сопственици на становите не дозволуваат да се бушат нови дупки на ѕидовите, да се менува мебелот и слично.

Денес ви претставуваме неколку креативни идеи како да го украсите вашиот дом, така што и вие и сопственикот на станот ќе бидете задоволни. Овие проекти не бараат бушење, менување на распоредот на мебелот и слично, потребна е само фантазија.

1. Закачете многу пом-помс низ домот

Можете да направите вистинска оаза во домот со помош на пом-помс. Покрај тоа што се едноставни за правање, тие ќе ги пополнат празнините во домот на вистински начин.

2. Направете украсен венец околу вратата

За да ги украсите вратите, најпаметно и најевтино е да направите венец кој ќе го украси влезот во вашиот дом или вашата соба. Може да го направите од различни материјали, пом-помс, цветови, бисерчиња и слично.

3. Направете споменар на ѕидот од вашите омилени Инстаграм фотографии

Испечатете ги вашите омилени Инстаграм фотографии и залепете ги на ѕид. Покрај тоа што постојано ќе ве потсетуваат на убави моменти, ваквата декорација нема да го уништи ѕидот.

4. Направете им рамки на постерите

Доколку имате постери на ѕидовите, тогаш можете да им направите рамки со помош на украсна самолеплива трака. Направете разни облици, дезени и слично и освежете ги вашите ѕидови.

5. Не фрлајте го стариот мебел

Доколку имате стар мебел (во ваша сопственост) тогаш наместо да го фрлите можете да му најдете поинаква намена. Дрвените ролетни може одлично да послужат како држач за разни предмети. Се што ви е потребно е малку боја за да го освежите нивниот изглед.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *