Emotion Recognition: Мајкрософт ги препознава вашите емоции

ms-1000x500

Откако Мајкрософт ја погоди нашата возраст, сега смета дека е способен да ги препознаат човечките емоции преку дигитални слики. Алатката се вика „Emotion Recognition“ и се што им е потребно од вас е вашата фотографија, а нивниот алгоритам ќе го стори останатото. Проверете дали навистина функционира!

„Emotion Recognition“ е нова онлајн алатка од Мајкрософт која може да ги препознае човечките емоции од слики. Барем така тврдат од компанијата. Колку се успешни и ефикасни нејзините алгоритми можете и самите да проверите, така што ќе испратите ваша сопствена фотографија ТУКА (со најмалку 36 х 36 пиксели и до 4 MB) и веб-страницата анализира кои емоции се присутни кај вас.

Според Мајкрософт, „Emotion Recognition“ уште е во фаза на развој, па немојте да бидете престроги доколку не е сосема прецизен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *