Елајџа Вуд доаѓа во Скопје како диџеј

Elijah Wood + Heloise & The Savoir Faire-Amoeba Music, Los Angeles, CA July 10, 201313

Американскиот актер Елајџа Вуд познат по улогата на Фродо Багинс од трилогијата „Господар на прстените“ на оскаровецот Питер Џексон, на 4 јуни ќе дојде во Скопје, но не во улога на глумец, туку како диџеј.

Триесет и петгодишниот Вуд ќе настапи на шестиот фестивал „Здраво млади“ што го организира Младинскиот културен центар.

„Елајџа е сопственик на издавачка куќа и има колекција од околу 4.000 плочи. Во паузи од снимања, слободното време го користи за диџејување со својот другар Зак Коуви, патуваат ширум светот и прават одлични забави. Познати се како дуото „Вуден виздом” кое пушта класични фанк-соул теми, меланхолични стари инструментали, денс њувејв за шизење од 80-те“, информира МКЦ.

Вуд експериментира со електронска продукција уште од тинејџерските денови, а со диџејство се занимава од 2001 година

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *