Економична и брза домашна чоколада со лешници

20151005133322_1444045179_zena_recepti_650x380

Ви се јаде нешто благо и чоколадно, но не ви се троши премногу време во кујната? Рецептот кој ви го прикажуваме подолу е токму она што ви е потребно. Освен тоа, состојките сигурно веќе ги имате во кујната, па на економичен начин ќе го израдувате целото семејство со нешто слатко и вкусно.

Состојки:

– 1 филџан масло
– 2 филџани шеќер
– 1/2 филџан вода
– 3 филџани брашно
– 1 филџан какао
– 100 гр лешници

Подготовка:

1. Во длабок сад на оган ставете ги водата, шеќерот и маслото, и гответе се додека шеќерот во целост не се стопи.

2. Потоа, додадете го брашното и какаото (може и чоколадо во прав). Гответе се додека смесата не се соедини и не зоврие.

3. Додадете ги и исецканите лешници или некое друго орашесто овошје, излиете во плех и ставете го во фрижидер да се олади. Потоа исечете на коцки и сервирајте.

Пријатно!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *