Ефикасно природно средство за избелување на забите – активен јаглен

kora-banane-banana-zubi-beljenje-1358200140-253435

Секој сонува за блескава насмевка и убави бели заби, па неретко правиме најразлични третмани за да си го овозможиме тоа. 

На пазарот постојат различни пасти за кои произведувачите тврдат дека ги избелуваат забите, бројни третмани и зафати во стоматолошките ординации.

Но, како што покажа праксата многу од овие третмани имаат и негативни последици како што се гингивит и слабеење на забната глеѓ.

Затоа се препорачува свртување кон некои од природните средства за избелување на забите. Еден од нив е и активниот јаглен!

Дејството на активниот јаглен е одамна познато и се користи како евтина и брза метода за избелување на забите. Активниот јаглен во вид на таблети може да се најде во сите аптеки.

Позитивните ефекти на активниот јаглен се видливи за многу кратко време – уште по првата примена, а ако ги следите советите нема да има никакви контра-ефекти.

Што е активен јаглен?

Активниот јаглен е едно од природните средства кое низ историјата се користело за лечење на бројни заболувања – од дизентерија, па сè до последиците на зрачењето, а се применува и во лечење на труења и кожни инфекции.

А станува збор за обичен дрвен јаглен.

Активниот јаглен ги привлекува штетните супстанци и ги задржува. Се добива со обработка на јагленот во парна комора каде што се отвара и се зголемува површината, па благодарение на тоа добива поголема способност за привлекување.

Употреба при избелување на забите

Во керамички или стаклен сад растворете две таблети активен јаглен со малку вода. Измешајте додека не добиете смеса како паста. Натопете ја четката за заби и мијте ги забите две минути како вообичаено. Исплакнете и повторете ја процедурата. На крајот внимателно отстранете ги сите траги од јаглен кои ќе останат меѓу забите.

Активниот јаглен е без вкус и во текот на миењето нема да имате непријатен вкус во устата.

Друг начин да го искористите активниот јаглен е да ја џвакате таблетата, а потоа нормално да ги измиете забите – со четка и паста за заби.

Дејство

Активниот јаглен има нежно абразивно својство, а по третото испирање на забите ќе забележите дека забите чкрипат. Тоа е знак дека се исчистени наслагите кои се наталожели на површината на забите, а кои со обично миење не можат да се отстранат целосно. Искуството ќе ви покаже дека на овој начин ќе постигнете ефект кој е идентичен на професионалното чистење на забите.

Избелувањето на забите со активен јаглен можете да го практикувате еднаш во седум или десет дена.

Контраиндикации

Контраиндикациите се многу ретки, но постојат извесни состојби во кои не се препорачува примена на активен јаглен. Трудниците и доилките треба да бидат особено внимателни и пред примената се препорачува да се советуваат со лекар. Исто така, ако сте склони кон алергии, најдобро е да се посоветувате со стоматолог. Бидете внимателни во примената на активниот јаглен и ако имате проблеми со дишењето и голтањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *