Ефикасна диета со портокали и јајца

friedeggs

Оваа диета е наменета за оние кои сакаат да ја намалат својата тежина, но и за оние кои имаат тегоби со варење на храната или нечиста кожа затоа што ја намалува апсорпцијата на маснотиите на природен начин. Диетата е прилично рестриктивна, па пред да се одлучите за нејзина примена консултирајте се со лекар.

Многу е важно да си поставите реални цели. Оваа диета нуди можност за губење и до еден килограм дневно. Затоа што за време на оваа диета се внесува помалку јаглехидрати, потребна е физичка активност. Не солете ја храната премногу, наместо сол употребувајте билни зачини.

Понеделник

Појадок: 1 портокал (или круша, праска, лубеница, диња … никако банана), 2 парчиња двопек, шолја кафе или чај без шеќер

Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, 1 јогурт

Вечера: 2 домати, 2 варени јајца, половина килограм зелена салата или салата од краставици, 2 парчиња двопек

Вторник

Појадок: 1 портокал (или круша, праска, лубеница, диња … никако банана), 2 парчиња двопек, шолја кафе или чај без шеќер

Ручек: 1 портокал, 1 јајце, 1 јогурт, 2 парчиња двопек

Вечера: 125 гр. мелено говедско месо, 1 домат, 1 парче двопек, 1 шолја кафе или чај

Среда

Појадок: 1 портокал (или круша, праска, лубеница, диња … никако банана), 2 парчиња двопек, шолја кафе или чај без шеќер

Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, 1 јогурт, зелена салата

Вечера: 125 гр мелено месо, 1 портокал, 1 парче двопек, 1 шолја кафе или чај

Четврток

Појадок: 1 портокал (или круша, праска, лубеница, диња … никако банана), 2 парчиња двопек, шолја кафе или чај без шеќер

Ручек: 125 гр. свежо кравјо сирење со малку млечни масти (или моцарела), 1 домат, 1 парче двопек

Вечера: 125 гр. мелено месо, 2 домати, 1 јаболко, 1 парче двопек

Петок

Појадок: 1 портокал (или круша, праска, лубеница, диња … никако банана), 2 парчиња двопек, шолја кафе или чај без шеќер

Ручек: 200 гр. зготвено месо или риба, 1 домат, 1 парче двопек

Вечера: 500 гр. варен зеленчук (зелка, грашок, компир …), 1 варено јајце, 1 домат

За викенд јадете нормално.

Откако ќе стигнете до тежината која ја сакате, одржувајте ја така што секој понеделник ќе јадете за појадок 1 лимонада без шеќер, за ручек 1 јајце, 1 парче двопек и 1 патлиџан, а за вечера 1 парче двопек и 1 домат.

Упатства и правила:

– Месото и варениот зеленчук можете да ги зачините.

– Конзумацијата на алхокол е забранета.

– Вечерата да не е подоцна од 19 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *