Едноставно и практично – помфрит на скара!

f8b6e3e6-6262-4efd-9d06-099b149b7502

Помфритот е еден од најдобрите варијанти на припрема на компирите! Меѓутоа, во текот на летото кога температурите се над 30 степени идејата за пржење компирчиња во длабоко масло не звучи многу привлечна.

Во тој случај ќе ве израдува фактот дека можете да приготвите помфрит и на скара! Ќе добиете вкусни компирчиња кои ќе бидат одличен прилог за секој оброк, па може и да послужат како самостоен оброк.

Потребни состојки:

  • 400gr. компир исецкан за помфрит
  • 1 лажица путер
  • 4 ленти кашкавал за тост
  • 2 лажици сецкан праз
  • 2 лажици ситно сецкана сланина

Подготовка:

Измешајте го исецканиот компир во потопениот путер, а потоа ставете го во двојна алуминиумска фолија.

Свиткајте ги краевите за да направите сад од фолијата. Запалете ја скарата и сместете ја фолијата со компири на решетката. Печете 20-30 минути.

Повремено протресете ја фолијата за да не се залепат компирчињата на дното. Пред крајот додадете го сецканиот праз и листовите кашкавал. Кога ќе се стопи кашкавалот помфритот е готов. Уживајте!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *