Едноставниот совет на Том Форд за заведување жена

Tom-Ford-fashion-design-icon-smoking-glasses1

Кога станува збор за стил, тешко дека некој може да се натпреварува со дизајнерот Том Форд. Тој создава едни од најпосакуваните линии на облека и очила во светот, секогаш со високо ниво на елеганција, покрај кои и Џејмс Бонд би се чувствувал неформално облечен. Неодамна магазинот „Esquire“ објави интервју со него, а она што нам најмногу ни го привлече вниманието, беше делот каде тој дава совет како да освоите една жена. Станува збор за навистина едноставна работа, на која повеќето мажи најверојатно не би ни помислиле, но според него, жените значително ја ценат. Во продолжение, го цитираме Форд:

„Доколку бев „стрејт“, и се обидував да заведам жена, мислам дека би успеал само со едноставно потстанување од столчето секој пат кога таа ќе се врати од тоалет додека сме на состанок. Функционира секој пат! Секогаш кога сум со девојка во ресторан, и ќе го направам овој потег, другите жени од соседните маси ги потчукнуваат нивните партнери и им кажуваат како е тоа толку убаво, и нервозно ги прашуваат зошто и тие не можат истото да го направат за нив. И Ричард (модниот партнер на Том Форд) го прави ова. Оваа навика ми е всадена од мајка ми. Доколку не и го наместев нанапред столчето кога ќе седнеше на масата, или не и ја отворев вратата од колата, ќе беше навистина лута.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *