Едноставни и вкусни тестенини со лимон

testenini

Деликатно јадење кое претставува совршен спој на арома на лимон и путер. Едноставните тестенини – оние кои содржат само неколку состојки, секогаш се и највкусни. 

Потребни состојки:

  • 250г. тестенини
  • 100г. путер
  • лажичка рендана кора од лимон
  • 50мл. сок од лимон
  • сол, бибер и свеж босилок

Подготовка:

Добро измијте и исушете го лимонот. Сварете ги тестенините во зовриена, солена вода, но не варете ги до крај, оставете да бидат малку потврди бидејќи варењето ќе го довршите во сосот. Во меѓувреме, во подлабока тава ставете путер, кора и сок од лимон и оставете путерот да се стопи на средна температура. Исцедете ги тестенините, но оставете една шолја од течноста во која се вареа. Додадете ги тестенините во тавата со путерот, додадете половина шолја од течноста, додадете сол и бибер по вкус и оставете да се крчкаат на среден оган додека не се готови. Додавајте од течноста по потреба. Веднаш сервирајте ги тестенините во чинии и декорирајте со листови босилок.

limon

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *