Рецепт: Едноставна сочна пита од боровинки

istock_000031861594_medium-1000x500

Оваа лесна пита со боровинки и рикота е вкусна мешавина на сочни боровинки и и тенка кора која се топи устата. Погледнете го нашиот лесен рецепт за пита со сочни боровинки и воодушевете ги вашите најблиски.

Потребни состојки:

За тестото: 

  • 150gr. путер
  • 300gr. бело брашно
  • 50gr. ванилин шеќер
  • малку сол
  • 2 јајца
  • половина пакетче прашок за пециво

За прелив:

  • 500gr. рикота
  • 1 ванилин шеќер
  • реднана кора од лимон
  • 100gr. шеќер во прав
  • 50gr. шеќер
  • 400gr. боровинки
  • 180gr. кисела павлака
  • 2 лажици гриз
  • шеќер во прав за посипување

Подготовка:

Во голем сад, се мешаат брашното, солта и путерот. Во смесата додадете и шеќер во прав, жолчка и замесете го тестото, кое потоа ќе го оставите околу половина час да се излади во фрижидер. Изладеното тестото со дебелина од околу 1 см ставете го во тркалезна тава премачкана со масло и оставете малку тесто и по краевите на тавата. Ставете го тестото да се пече 5 минути во рерна загреана на 180 степени. Во меѓувреме, во сад, измешајте рикота, ванилин шеќер и кората од лимон, две белки, 2 лажици гриз, шеќер во прав, шеќер и шолја кисела павлака. Нежно измешајте ги сите состојки посипете боровинки, поставете ги врз полу-печеното тесто печете во загреана рерна околу половина час. Откако ќе се олади питата посипете шеќер во прав и сервирајте!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *