Семејна традиција: Дрво украсено со 10.000 уникатни велигденски јајца

Most-beautiful-Easter-tree.-Decorated-with-1000-eggs.-5__880

Велигденско дрво? Да, добро прочитавте. Едноставно постојат луѓе кои во целост се внесуваат во празничната еуфорија, а китењето на дрво со велигдненски јајца и не е така необична работа во Германија. Овие дрва се нарекуваат „Eierbaum“ или „Osterbaum“.

Криста и Волкер Крафт од Саалфелд, оваа работа ја сфаќаат и повеќе од серизно, со тоа што користат 10.000 рачно декорирани јајца за китење на дрвото. Потребни им се повеќе од две седмици за да ги закачат сите.

Семејната традиција им започнала уште во 1965 година, со само 18 велигденски јајца, бројка која континуирано растела со текот на годините.

Денес, нивното јаболково дрво во текот на велигденските денови претставува вистинска туристичка атракција, и своевидна изложба на нивните уметнички дела насликана на јајца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *