Домашно средство за чистење на стаклени површини

Depositphotos_24195655_original

Средството за чистење на прозори и огледала подготвено во домашни услови е одлична замена за средствата кои се продаваат по продавниците. Откако еднаш ќе го пробате повеќе нема да имате потреба да купувате средство за чистење на стаклени површини:

За подготовка на ова средство потребно ви е:

  • ½ кафена лажичка детергент за миење садови или течен сапун
  • 3 супени лажици од 9% алкохолен оцет
  • 400 ml вода

Начин на подготовка:

Оцетот и течниот детергент растворете ги во водата. Состојките добро промешајте ги и истурете ги во празен распрскувач.

Совет плус: Ако на чистите прозорци се појават дамки од раце, можете лесно да ги отстраните со истуткан весник. Бришете го стаклото со кружни движења, додека прозорците не се исушат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *