Домашни брускети со лук

thumb

Да се приготви овој рецепт е навистина едноставна работа. Настрана фактот што процесот е навистина брз, она што дополнително ја олеснува работата е тoa што се состои од основни намирници кои секоја домаќинка ги поседува во кујната. Она што е најневеројатно од се е крајниот резултат, односно вкусот на брускетите кој со сигурност ќе ве освои.

Состојки:

* 1 багет
* 60 г путер (омекнат)
* 4 чешниња печен лук (ситно исечкан)
* рузмарин (ситно исечкан)
* сол
* црн бибер

Подготовка

1. Загрејте ја рерната на 180 Целзиусови степени, а тавата покријте ја со хартија за печење.

2. Во еден сад ставете ги путерот, лукот, рузмаринот, солта и црниот бибер и измешајте ги убаво да се соединат.

3. Багетот исечете го на кришки од 3 милиметри. Потоа намачкајте ги со смесата од путер и печете ги во загреаната рерна 10 минути, додека да добијат убава кафена боја и да станат крцкави. Послужете ги топли или оладени по ваша желба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *