Домашна крема против брчки врз база на мед

mat-ong

Не значи дека за убава и негувана кожа мора да „фрлате“ еден куп пари за скапа козметика. Понекогаш е доволно само да измешате неколку состојки кои можете да ги најдете во вашиот дом или пак во најблиската аптека, и да добиете делотворна крема која ќе ви ја врати свежината на лицето и ќе ги ублажи брчките. Овој домашен рецепт кој ви го откриваме подолу се користи веќе 2000 години наназад, а вие ќе го приготвите за помалку од пет минути.

Потребно:  Honey-Skin-Benefits-and-Properties

– 1 лажица мед
– 8 лажички рендан пчеличен восок (саќе)
– 200 мл. бадемово масло
– половина чаша розова вода

Постапка:

На тивок оган стопете ги медот, восокот и бадемовото масло. Кога смесата ќе се соедини, тргнете ја од оган и оставете да се олади, но не во целост. Додавајте ја розовата вода постепено, капка по капка, постојано мешајќи. Кога лосионот ќе се соедини во целост, пресипете го во стаклена тегла која ќе ја затворите дури откако препаратот во целост ќе се излади.

Совет:

Нанесувајте го навечер, на чиста кожа. Освен за затегнување на лицето, овој препарат е идеален и за чистење на шминката и насобраните бактерии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *