Домашен пијалок кој ќе ве „наполни“ со здравје

food-apples-green-milk-apple-sliced-fruit-juice-green-background

Нездравата исхрана и начин на живот често знае да се одрази на нашето здравје. Пијалокот направен од јаболка и збогатен со уште некои додатоци има ароматичен и сладок вкус без додавање на рафиниран шеќер и хемикалии, а добар е за вашето здравје од повеќе причини.

– Го намалува лошиот холестерол
– Го намалува ризикот од Алцхајмерова болест
– Го намалува ризикот од дијабетес
– Ја зголемува издржливоста и физичката сила на телото
– Заштитува од рак на дебелото црево
– Го подига имунолошкиот систем
– Спречува катаракта
– Одлично делува врз сјајот и белината на кожата
– Го заштитува срцето
– Го намалува ризикот од астма
– Ги прави забите побели!

Состојки:

– 2 јаболка
– 1 банана
– 2 урми
– 1/2 лажиче мелени семки од тиква
– 1/2 лажиче ванила
– 1 чаша кокосова вода (или сите делови од кокосот, доколку се користи свеж)
– 1 чаша спанаќ

Подготовка

Ставете ги сите состојки на највисока брзина во блендерот. Во мешавината додадете цимет, кардамом и каранфилче, сервирајте во висока чаша со две коцки мраз и уживајте во придобивките на овој неверојатен пијалок!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *