Израдувајте ги своите деца и најмилите со домашен чоколаен крем. Лесно се прави и е навистина вкусен.
Состојки:
– 150 мл вода
– 300 гр шеќер
– 2 кесички ванилин шеќер
– 200 гр путер
– 200 гр млеко во прав
– 100 гр млечно чоколадо
– 100 гр бело чоколадо
Подготовка:
1. Во сад на оган ставете вода, шеќер и ванилин шеќер. Мешајте додека шеќерот не се растопи.
2. Додадете ја белата чоколада и мешајте додека не се стопи. Штом зоврие тргнете го садот од оган и оставете да се олади.
3. Во смесата додадете путер и млеко во прав. Добро измешајте и поделете ја на два дела.
4. На пареа растопете ја чоколадата, па додајте ја во еден дел, а другиот дел оставете го бел.
5. Во тегла со лажица додавајте темна, па бела смеса или во исто време ставете ја од двете страни.