Домашен пијалок кој ги спречува пролетните алергии

OrangeCarrotJuice1

Пролетните алергии се честа и непријатна појава, и ретко можат да се излекуваат на природен начин, но сепак е можно нивно спречување. Сите кои имаат проблеми со пролетните алергии можат да ги олеснат симптомите со пририоден и домашно приготвен напиток.

Состојки:

– 1 морков
– 2 поголеми портокали
– половина краставица
– 5-10 листови нане
– 20 г. свеж корен од ѓумбир

Подготовка:

Сите состојки треба добро да се измијат и излупат, а потоа се ставаат во блендер.

Портокалите го заштитуваат имунолошкиот систем бидејќи се одличен извор на витамин Ц, нането е одлично природно инхалаторно средство за респираторниот систем, кој најмногу страда во пролет. Ѓумбирот ги намалува главоболките, кои можат да се појават како резултат на често кивање, а освен тоа е и моќен антиоксиданс.

Доволна доза од овој напиток е една чаша дневно, која треба да се испие наутро пред појадок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *