Домашен лек кој ќе ви го зајакне имунитетот

jabukovo-sirce-mjesavina-620x400

Овој рецепт за домашен лек датира уште од средниот век и дејствува како антибиотик. Има моќна антивирусна и антифунгална формула, ја зголемува циркулацијата на крвта и лимфниот проток во сите делови на телото. Одличен е и против кандида.

Состојки:

– 700 мл. свеж јаболков оцет
– ¼ чаша ситно сецкан лук
– ¼ чаша ситно сецкан кромид
– 2 свежи лути пиперки
– ¼ чаша рендан ѓумбир
– 2 лажици рендан рен
– 2 лажици кукурума во прав (или корен)

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки во сад, освен оцетот. Префрлете ја смесата во тегла. Идеално е кога состојките испонуваат 2/3 од теглата, а остатокот е оцет. Затворете добро и протресете.

Чувајте ја теглата на ладно и суво место 2 седмици. Протресувајте ја неколку пати дневно.

После 14-от ден, истиснете ги убаво состојките и исцете ја добро течноста низ газа. Тоникот не треба да го чувате во фрижидер.

Конзумирање:

Не го растворајте со вода, тоа ќе го намали дејството. Внесувајте секојдневно по една лажица. Ова значително ќе ви го зајакне имунитетот. Зголемувајте ја количината секој ден, но внимавајте тоа да не биде повеќе од една чаша на ден.

Совет:

1. При подготовката на тоникот користете ракавици.

2. Можете да го употребите и како состојка во готвењето. Во комбинација со маслиново масло оди одлично во салата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *