Disco Dog – првиот паметен елек за кучиња на Kickstarter

pes-1000x500

Модата за кучиња не е ништо ново, но технологијата погодна за носење досега беше повеќе или помалку резервирана само за луѓето. Благодарение на паметниот елек за кучиња „Disco Dog“ сега и најдобриот пријател на човекот ќе може да ужива во „електрониката погодна за носење“. Елекот е поврзан со вашиот паметен телефон и има доста корисни функции не само за дотерување на кучето, туку и за негова заштита.

Паметниот елек не е наменет само за оние кои се опседнати со облекување на своите миленици. Всушност ова е навистина корисен изум не само поради тоа што обезбедува дека вашиот миленик ќе биде видлив за возачите од поголемо растојание и ќе има заштита од студ или дожд. Една од корисните функции е функцијата во случај кучето да се изгуби. Со помош на „Bluetooth“ технологијата, постои опција автоматски да се активира режимот „lost dog“ во случај кучето да излезе надвор од домет.

Инаку, можете да изберете различни анимации, како и произволнен текст кој е ќе биде испишан на елекот на вашето куче. На „Kickstarter“ е достапен во три големини (S, M и L) со должината на грбот меѓу 28-33, 33-38 и 43-48 см.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *