Детален графикон на 456-те починати карактери од „Game of Thrones“

game of thrones

Нед Старк, Џофри Баратеон, Оберин Мартел… Листата на мртвите карактери од „Game of Thrones“ и понатаму постојано се зголемува.Всушност, 456 карактери од оваа серија имаат една заедничка работа, а тоа е дека веќе се мртви.

Во исчекување на петтата сезона, тимот на „Washington Post“ подготви кратка ретроспектива прикажана преку интересен иконографик. Имено, според нивните пресметки, првата сезона била најмалку „крвава“, и во истата биле убиени „само“ 58 карактери. Сепак, оваа бројка во втората сезона се зголемува и повеќе од двојно, и во истата умираат 130 ликови во борбата за тронот. Третата сезона пак им донела смрт на 86 карактери, а последната, четврта сезона, се покажала како најкрвава досега, со оглед на тоа што во неа умираат дури 182 карактери.

Детален иконографик можете да погледнете со клик тука. Внимавајте на „спојлери“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *