Десет тајни за беспрекорна шминка

cover8-1000x500

Можете да се родите со одлична кожа и прекрасна коса, но не и со совршена шминка. Тоа е нешто на што мора да поработите. Без разлика на тоа колку туторијали и техники сте испробале, вистината е дека постојат специјални трикови кои се основа за совршена шминка. Нивната примена ќе го претвори секој аматерски шминкер во професионалец, а доколку и вие се придржувате до нив тоа ќе важи и за вас.

Подгответе го лицето

Што повеќе време посветувате на нега на кожата, толку помалку време ќе посветувате на шминкање, а резултатите ќе бидат подобри. Повеќето жени нанесуваат пудра веднаш по нанесувањето на крем за лице, но всушност на кожата треба да и се дозволи да ги впие сите хранливи состојки. Посебно внимание треба да обрнувате на пределот околу очите и вратот. Масажата исто така ќе придонесе за подобра циркулација, а со тоа и за посвеж изглед.

Помалку е повеќе

Една од најчестите грешки е нанесувањето премногу пудра која делува неприродно и прави вашето лице да изгледа преоптоварено и тешко. Пудрата најдобро се нанесува од центарот на лицето кон линијата на косата, ушите и брадата.

212-660x660

Разберете како се употребуваат боите

Вашето лице е како сликарско платно. А кога станува збор за шминката, спротивностите се привлекуваат. Не е потребно да ја знаете целата табела на бои, нивните контрасти и комбинации, но дури и малото знаење ќе ве однесе далеку. Доколку имате темно сини кругови околу очите користете коректор во портокалова нијанса. Сребрените и бронзени сенки ќе ги истакнат сините очи, а виолетовите ќе им дадат продорен изглед на зелените очи.

Бидете експерт за текстури

Изборот на производи со вистинска формула која одговара на вашата кожа е клучна. Одберете текстури кои се комплементарни на вашиот природен изглед на кожата. Ако имате сува кожа може да користите креми со појака формула, а ако имате масна кожа користете производи со поблага формула. Ако имате комбинирана или нормална кожа, тогаш секогаш користете прво кремасти и течни препарати, а потоа камени и во прав.

410-660x785

Со вежбање до совршенство

Многу дами не сакаат повторно да испробаат некој трик или стил на шминкање доколку првиот пат не го постигнале саканиот резултат. Но тоа е сосема  нормално и не значи дека треба да се откажете, туку дека ви е потребно повеќе време да научите. Само избришете го неуспехот од лицето и почнете одново. Сепак, тоа е само шминка.

Признајте ги своите грешки

Доколку во текот на шминкањето видите дека нешто сте згрешиле или дека не ви оди од рака, не се откажувајте но немојте ни да форсирате. Отстранете го несаканиот резултат и почнете од почеток. Нема секогаш се да изгледа совршено, па затоа намалете ги очекувањата и бидете реални и трпеливи.

65-660x439

Научете што е најдобро за вас

Убаво е да експериментирате и да пробувате нови работи, но кога еднаш ќе откриете што ви стои добро држете се до тоа. Тоа ќе бидат вашите лични мали трикови кои ќе можете да ги употребите секогаш кога сакате да играте на сигурно и кога сакате да ги истакнете своите најубави адути.

Почитувајте ги алатките за работа

Вашата шминка ќе биде добра колку што  се добри производите кои ги користите, како и алатките со чија помош ги нанесувате. Чистете ги четкичките еднаш неделно, за да не дојде до иритација на лицето и затнување на порите. Чувајте ги на суво место, во кутија или во специјална чаша за шминки.

89-660x439

Знајте кога да се почастите

Обично орманите на жените со стил содржат скапа гардероба искомбинирана со онаа која е помалку вредна. Истото важи и за жените кои имаат одлична шминка. Советот да се почастите најмногу се однесува на квалитетни производи за нега на лицето, основни препарати за шминка и алатки кои се користат за нанесување.

Но знајте и кога да заштедите

Одете во продавница за козметика и погледнете ги попустите. Набавете сенки, тушеви, моливчиња, кармини, руменила и маскари со кои може да експериментирате. Забележете кои од нив се издвојуваат за да знаете што да набавите следниот пат.

106-660x371

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *