Десет синоними за полесно разбирање на македонското бидување

Kat-pop-art-talking_2-955x398

Генерациите се менуваат, но некои феномени се засекогаш.

1. Јрли

Ултра специфична форма на душевна состојба во која поединецот (најчесто од неизмерна досада) милува да испушта језиви и неартикулирани звуци нејасни и далечни дури и за изучувачите на фонетиката и прави уште почудни движења со рацете и нозете. Обично се случува во склупчена положба, или лежејќи на грб.
Сиот пафта, прета и се јрли.

2. Шо мајка ти?

Прашање кое се поставува секогаш кога некој ќе ја спомне својата мајка, асоцирајќи на валкани работи преку истото прашање. Може да се постави и по случаен избор во било која ситуација. / 2. Легитимен одговор на било која заебанција на твоја сметка.
1. Ми звони мајка ми. – Шо мајка ти?
2. Многу си глуп. – Шо мајка ти?

3. Вргљење очи

Чин на насочување на очите под 90 степени во нагорна насока после слушање на информација, најчесто изустена од недоволно мудар човек.

4. Јобур

Чуден порив на индивидуата за расчепатување / разделување на едни од други ножни прсти.
Слаб јобур.

5. Солзирање

Попратна активност на гледање серии од различно географско потекло (Индија, Турција, Шпанија и др.)
– Се утепав од солзирање кога А и призна на Б дека В ја сака Б повеќе од А.

6. Аздисување

Побесне од изобилство во нешто, се возгордее, се прави важен поради благосостојбата. Се користи кога се објаснуваат хирови на не толку омилена индивидуа.
Им тргна работата, па аздисаа.

7. Шашардисува

Кога личност под влијание на голем стрес ја губи врската со реалноста. Исто така се користи и за збунетост или изненаденост од страв.
– Се вљуби, пукна, се шашардиса.

8. Вергла

Иронично и преносно значење на глаголот дрдори. Исфрустрирано го користат личности кога објаснуваат ненадејна средба со роднини.
И ти викам, кога се завергла едно те исто, крај не му се фаќаше.

9. Ѓезме

Име на собиранка на која најчесто се презентираат и дегустираат домашно направени алкохолни пијалаци.
Да направиме неделава едно ѓезме.

10. Онaди

Се сретнува и како: изоноди, онoди, онодуе / гл. Универзален синоним на речиси сите глаголи од македонскиот јазик.
1. Бабе, ај онади ми го оризов, не гледам.
2. Ми се онадија врвките.

*Некои од синонимите се преземени од zargon.mk

 

Автор: Ивана Смилевска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *