Дали знаете како правилно се пие вино?

girly_pink_wine_drink

За многу работи во животот потребно е предзнаење па така и за виното. Тоа што сакате да пиете вино не значи ништо повеќе од тоа дека уживате во неговиот вкус, но за да го доведете вашето уживање до врвот потребни ви се извесни знаења или барем вештини. Можеби не можете да добиете корисни совети за производството и употребата на вино од експерт, меѓутоа сега може да обрнете внимание на ситниците кои ќе го направат пиењето вино уште поубаво искуство…

Температурата на виното е клучна, белото се конзумира на температура од 9 до 14 степени, а црното вино на температура од 15 до 20, во спротивно може да се случи и за многу скапоцено вино тврдите дека е третокласно, само затоа што не е соодветно сервирано. Баш како што парфемот има неколку фази на отварање, слично е и со вината. Но ако го сервирате виното во лоши чаши кои не му дозволуваат доволно да се отвори вашата уметност на уживање е уништена уште на самиот старт.

Пенливото вино се служи во тесни и долги чаши. Белото вино бара чаша од чисто и тенко стакло, со долга „нога“, за да не се загрее премногу брзо во вашите раце, додека врвот на чашата треба да биде во облик на лале. Причината е едноставна, за мирисите и аромите да останат подолго во чашата и за оној кој го пие да ужива во сите сензации кои му ги нуди секоја голтка. Од друга страна, чашата за црно вино има конвексен облик и обично има поголем волумен од чашата за бело вино, меѓутоа и пократка рачка.

Чашата секогаш се полни до половина (црно вино) или две третини (бело вино). Пред да го ставите виното во чаша задолжително измијте ја чашата со вода за да се ослободи од сите непотребни мириси кои може да го нарушат вкусот на виното.

А сега погледнете го ова видео во кое ќе најдете неколку корисни совети, ако сте искрен љубител на вино.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *