Дали опасноста од промаја е само балкански мит?

3a2_edit (1)

Можеби ќе започнете расправија и ќе се обидете да објасните дека промајата е исто што и ветерот или дека топлината е уште поопасна, а можеби и сами ќе се замислите: „Кој знае? Можеби само на младите и здравите не им штети. Можно е и мене еден ден да ми прави проблеми“.

Можеме ли да се разболиме од неа или тоа е само мит? 

tumblr_ls6iizbgOJ1qfx0vvo1_400

Оваа интересна дилема ја отворил Коди Браун, блогер кој живее во Хрватска, а по потекло е Американец. Во интересен и духовит осврт се пожалил на феноменот „страв од промаја“ за кој тврди дека е составен дел од животот во Хрватска, но и во најголемиот дел од Балканот.

„Ветерот кој дува од едниот крај на станот до другиот или студениот ветер во облачни денови може да предизвикаат бројни болести. Промајата е одговорна за сите болки во мускулите, главоболки и настинки па дури и за воспалението на мозокот“, истакнува Браун во текстот наречен „Поромаја или големот културен јаз меѓу културите“.

Браун вели дека тој и неговите пријатели Американци кои се навикнати да спијат со отворен прозор и сакаат проветрување, никако не можат да се изначудат и да се изнасмејат на стравот од промаја кој им се чини како некое балканско празноверие.

Но, дали промајата е само балкански мит или е сериозна закана за здравјето?

Ако се обидете на Интернет да пронајдете текст за последиците од промаја ќе ви се отворат исклучиво алтернативни страници за киропрактичари, акупунктура и слично. Тешко дека ќе најдете некој сериозен медицински магазин кој се занимава со промајата.

Професор доктор Симеон Грацио и уредник на магазинот „Физикална и рехабилитациска медицина“ има објаснување зошто е тоа така:

„Нема научни докази дека постои последнична врска меѓу промајата и болките во грбот, вратот и слично. Некои луѓе може да го тврдат спротивното врз основа на лични искуства, меѓутоа кога зборуваме за медицина заснована на докази тука има најнизок степен на докажување. Во стручните магазини може да се објават статии , како приказ на случаи, но тоа е премал број на таканаречени докази за да може да се зборува за причинско-последична врска“.
Може ли да настинеме од промаја?

Ако им веруваме на експертите, промајата нема да предизвика главоболки, воспаление на мозкот и слично. Но, можеби има малку вистина во тоа дека човек на промаја може да настине или евентуално да добие воспаление на белите дробови?

Примариус доктор Рок Чивљак вели дека ни тој мит не е точен:

„Промајата дефинитнвно не предизвикува заразни болести. Настинката ја предизвикуваат вируси, а тоа нема врска со промајата. Тоа се коси со сите начела на нашата струка. Можеби промајата ќе ги разнесе вирусите од тлото и така ќе го контаминира воздухот, но никогаш не сум слушнал дека постојат научни докази за тоа. Може само да се погодува“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *