Чудотворен напиток за слабеење – брусница, лимон, портокал

Refreshing sangria (punch) with fruits,Closeup.

Високите температури ни ја будат жедта, па во летниот период внесуваме многу повеќе течности во организмот.Зошто да не бидете мудри и да го искористите тоа, конзумирајќи напиток кој ќе ви помогне да го забрзате метаболизмот и да ги согорите масните наслаги?

Овој напиток од брусница, портокал, лимон и неколку зачини ќе направи чуда за вашата линија. Погледнете како се приготвува и почнете ја борбата со вишокот килограми уште денес!

Потребни состојки:

  • 7 чаши вода
  • 1 шолја сок од брусница без шеќер
  • половина лажичка цимет
  • 1/4 лажичка ѓумбир
  • 1/4 лажичка мускатно оревче
  • 3 портокали
  • 1 лимон

Подготовка:

1. Во голем сад ставете ја водата да се свари. Откако ќе проврие намалете ја температурата, па додадете го незасладениот сок од брусница, цимет, ѓумбир и мускатно оревче.

2. Оставете да се вари на средна температура околу 20 минути. Потоа тргнете го садот од оган и оставете го да се олади на собна температура.

3. Исцедете ги портокалите и лимонот и додадете го сокот во напитокот. Исечете неколку портокали и тие ставете ги во напитокот. Додадете лед, и вашето здраво, диетално летно освежување е готово.

Истражувањата покажаа дека брусницата одлична намирница за слабеење, бидејќи поттикнува согорување на мастите и придонесува за исфрлање на вишокот вода од организмот.

Лимонот ја подобрува циркулацијата, ја намалува надуеноста и му помага на телото да ги исфрли вишокот течности.

Портокалот е едно од најкорисните јужни овошја бидејќи содржи големи количини витамин Ц – еден портокал со средна големина има само 47 калории и затоа е неизбежен дел од многу диети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *